Планот на американскиот претседател Доналд Трамп за мир во Украина вклучува предлози за враќање на руските енергетски текови во Европа, големи американски инвестиции во руски ретки минерали и енергија и користење на замрзнати руски државни средства, објави весникот The Wall Street Journal.

Весникот наведува дека предлозите се детално опишани во додатоците на мировниот план предаден на европските колеги последните седмици.

Тие вклучуваат план американските финансиски компани и други бизниси да користат 200 милијарди долари замрзнати руски државни средства за проекти во Украина, вклучувајќи го и големиот нов центар за податоци напојуван од нуклеарната централа Запорожје, која сега е под контрола на руските сили, објави весникот.

Американските компании би инвестирале во руски стратешки сектори како што се рударството на ретки метали и дупчењето на нафта во Арктикот, додека руските енергетски текови кон Западна Европа и светот би биле обновени, додава WSJ.

Весникот објави дека неидентификуван европски функционер ги споредил предложените енергетски договори меѓу САД и Русија со економска верзија на Конференцијата на Јалта од 1945 година. На тој состанок, победниците од Втората светска војна – Советскиот сојуз, САД и Велика Британија – ги поделија своите сфери на интерес во Европа.

globe

Слични новости

Норвешката полиција го истражува поранешниот премиер Јагланд за врските со Епштајн

Норвешката полиција го истражува поранешниот премиер Јагланд за врските со Епштајн

Норвешката полиција во четвртокот соопшти дека отворила истрага за „отежната корупција“ против поранешниот премиер Торбјорн Јагланд поради неговите врски со осудениот сексуален престапник Џефри Епштајн.

Атентат врз руски генерал во Москва

Атентат врз руски генерал во Москва

Високиот генерал во руската војска Владимир Алексеев е застрелан неколкупати и ранет во Москва. Генерал-полковникот Алексеев беше превезен во болница веднаш по нападот во станбена зграда во северозападниот дел на градот и неговата состојба е непозната.