Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД не планираат да враќаат пари на компаниите поради царините што беа воведени за низа странски држави, а кои Врховниот суд ги поништи во петокот.

„Претпоставиувам дека тоа ќе мора да го судат во наредните две години. Значи, тие ќе напишат ваква ужасна, погрешна одлука, целосно погрешна. Речиси како да не ја напишале паметни луѓе. На крај ќе бидеме на суд во наредните пет години“, рече Трамп.

Се очекува поврат на парите, бидејќи американските увозници кои плаќаа царини во 2025 година, додека новата царинска политика беше во сила, веројатно ќе бараат средства од американската Агенција за царина и гранична заштита.

Соединетите Американски Држави можеби ќе бидат принудени да вратат милијарди долари на увозниците кои платија царини на ИЕЕПА.

Пресудата на Врховниот суд за поништување на царините беше донесена со шест гласа „за“ и три „против“. Одлуката беше образложена дека Трамп ги пречекорил овластувањата, кога го користел законот од 1977 година за федерална вонредна ситуација за воведување на реципрочни царини ширум светот.

Без да понуди докази, Трамп истакна дека странски интереси влијаеле на одлуката на Врховниот суд за укинување на царините кои ги воведе минатата година.

 

Слични новости

„Шел“ предупредува дека Европа би можела да има недостиг од гориво веќе следниот месец

„Шел“ предупредува дека Европа би можела да има недостиг од гориво веќе следниот месец

На Европа би можела да ѝ се закани недостиг на гориво уште следниот месец поради продлабочувањето на кризата на Блискиот Исток, предупреди шефот на „Шел“, Ваел Саван, пренесува британски Телеграф.

Сад понуди план од 15 точки за крај на војаната со Иран

Сад понуди план од 15 точки за крај на војаната со Иран

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп му понуди на Иран план за прекин на огнот од 15 точки. Планот му беше доставен на Иран од посредници од Пакистан, кои понудија да бидат домаќини на обновени преговори меѓу Вашингтон и Техеран.