Американскиот претседател Доналд Трамп во петокот повтори дека САД ќе продолжат да тестираат нуклеарно оружје, но не одговори директно на прашањето дали тоа ќе ги вклучува традиционалните подземни нуклеарни тестови што беа вообичаени за време на Студената војна.
„Ќе дознаете многу наскоро, но ќе направиме некои тестирања“, им рече Трамп на новинарите кои го следеа на летот со претседателскиот авион „Air Force One“ кон Палм Бич, во сојузната држава Флорида, како одговор на прашањето за подземните нуклеарни проби.
„Други земји го прават тоа. Ако тие го прават тоа и ние ќе го правиме тоа, во ред?“, додаде американскиот претседател
Трамп во четвртокот изјави дека ѝ наредил на американската војска веднаш да го рестартира процесот на тестирање нуклеарно оружје по 33-годишна пауза, во она што се оценува како порака до Кина и Русија, нуклеарните ривали на САД.
Трамп го објави ова на својот профил на социјалната мрежа Truth Social додека леташе со претседателскиот хеликоптер „Marine One“ во четвртокот на средбата со кинескиот претседател Кси Џинпинг во јужнокорејскиот град Бусан.
Не е јасно дали тој мислел на проби за нуклеарна експлозија, кои можеби ги спроведува Националната администрација за нуклеарна безбедност, или на тестови за летови на ракети способни да носат нуклеарно оружје.
Ниту една нуклеарна сила, со исклучок на Северна Кореја и тоа последниот пат во 2017 година, не спровела тест за нуклеарна експлозија повеќе од 25 години.
Слични новости
„Форин полиси“ : Путин од судирот во Украина излегува како победник
Рускиот претседател Владимир Путин излегува како ефикасен победник од судирот во Украина, оценува колумнистот на „Форин Полиси“ Мајкл Хирш.
Масовни руски напади врз Одеса и украинската инфраструктура, илјадници без струја
Русија изврши масовен воздушен напад врз украинскиот град Одеса и други региони, при што беа погодени енергетската и пристанишната инфраструктура, а избувна и пожар на цивилен брод во Црното Море.
Трамп го праќа Виткоф во Берлин на средба со Зеленски и европските лидери
„Волстрит џурнал“ објави дека на средбата ќе учествуваат британскиот премиер Кир Стармер, францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Фридрих Мерц.


