Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека смета оти израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху е многу тежок човек.
„Тој е многу тежок човек и да бидем искрен, би требало да ни биде благодарен за она што го направивме. Ако Иран има нуклеарно оружје Израел нема да постои на два часа“, рече Трамп во интервју за Њујорк тајмс, коментирајќи го постигнувањето на договор за окончување на војната со Иран.
Трамп додаде и дека Нетанјаху со нападите врз Либан речиси го доведе во прашање постигнувањето на договорот со Техеран.
Трамп најави и дека ако не се постигне конечна спогодба за нуклеарната програма на Иран, САД повторно ќе покренат воени напади, или САД ќе станат „чувари на Блискиот исток“ во замена за 20 насто од приходот на регионот.
Слични новости
САД извршија нови удари врз Иран, Техеран возврати со напади врз Бахреин и Кувајт
Најновите напади покажуваат дека САД и Иран се приближуваат кон општа војна по распадот на минатомесечниот привремен договор кој требаше крајно да ги оконча судирите. Истовремено, речиси е целосно запрен поморскиот сообраќај низ Ормутскиот теснец.
Епидемијата на ебола во Конго се потешка: Повеќе од 2.300 потврдени случаи
Директорот за вонредни ситуации на СЗО Чикве Ихеквезу изјави дека вистинската бројка на случаи на ебола во Конго е најмалку двојно повисока, а можно е да изнесува и четири пати повеќе од официјалната бројка.
Русија изврши голем ракетен напад врз Киев
Русија изврши серија напади со балистички ракети врз украинскиот главен град Киев, при што загина едно лице, а најмалку 14 се повредени, соопштија украинските власти.


