Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека има намера да го забрани шеријатскиот закон во САД и додаде дека во Америка нема место за шеријат.
Американскиот претседател појасни дека има места во светот каде што шеријатот е присутен, наведувајќи ги како примери Лондон и Париз. „Како што знаете, одите во Лондон или Париз и гледате друг начин на живот. Секаде каде што го гледаме во САД ќе го отстрануваме“ најави Трамп.
Доналд Трамп и во минатата година зборуваше за Лондон и го нападна градоначалникот на Лондон Садик Кан во говорот во ОН, кого го обвини дека сака да воведе шеријат.
Слични новости
Епидемијата на ебола во Конго се потешка: Повеќе од 2.300 потврдени случаи
Директорот за вонредни ситуации на СЗО Чикве Ихеквезу изјави дека вистинската бројка на случаи на ебола во Конго е најмалку двојно повисока, а можно е да изнесува и четири пати повеќе од официјалната бројка.