„Блиску сме до постигнување на нашите цели и сега размислуваме да ги намалиме нашите обемни воени напори“, напиша Доналд Трамп на платформата Трут Соушал. Непосредно пред тоа американскиот претседател на новинарите им изјави дека САД и Израел извојувале победа.

„Мислам дека победивме“, рече Трамп. „Им ја уништивме морнарицата и воздухопловството, ја неутрализиравме нивната противвоздушна одбрана – неутрализиравме сè. Можеме слободно да се движиме. Од воена гледна точка, тие се при крај.

 

Со најавата за „намалување“ на војната претседателот се обидува да ја смири јавноста, која е загрижена поради растот на цените на горивото. Но, истовремено, според медиумски извештаи, американската војска испратила дополнителни сили во Персискиот Залив – три амфибиски нападни бродови и околу 2.500 маринци.

Трамп вчера повторно ги критикуваше НАТО-сојузниците  нарекувајќи ги кукавици и обвинувајќи ги дека немаат храброст да интервенираат во Ормутскиот теснец. 

Тој додаде дека би било добро да се ангажираат земјите кои го користат теснецот, бидејќи Кина, како што рече, добива 90% од енергијата преку тој пат, а Јапонија 95%.

 

Слични новости

Нови израелски напади врз Бејрут

Нови израелски напади врз Бејрут

Израелски воздушен напад утрово погоди станбена зграда во Башура, централен Бејрут. Големи облаци чад се издигаа од местото додека автомобилите минуваа покрај него.

Иран без клучен стратег во војната по убиството на Али Лариџани

Иран без клучен стратег во војната по убиството на Али Лариџани

Лариџани не беше воен командант, но играше централна улога во обликувањето на стратешките одлуки на Иран. Тој беше на чело на донесувањето одлуки за војната, дипломатијата и безбедноста, особено во односите со САД и Израел