Американскиот претседател Доналд Трамп предупреди дека НАТО се соочува со многу „лоша иднина“, доколку сојузниците на САД не помогнат во отворање на Ормутскиот теснец што го затвори Иран.

„Луѓето кои имаат корист од теснецот, да помогнат да не се случи ништо лошо таму. Ако нема одговор или ако одговорот биде негативен, мислам дека ќе биде многу лошо за иднината на НАТО“, нагласи Трамп, додавајќи дека Европа и Кина во голема мера се зависни од нафтата од земјите во Персискиот залив.

 Трамп претходно ги повика Кина, Франција, Јапонија, Јужна Кореја и Велика Британија да се придружат на „тимскиот напор“ за отворање на Ормутскиот теснец за бродови по блокадата на Иран. Но, изрази песимизам дека американските сојузници ќе ги прифатат неговите апели за помош.

 

Слични новости

Иран го затвори Ормускиот мореуз

Ова е прв пат Иран да го затвори овој клучен воден пат, низ кој минува 20 насто од светската нафта, откако САД почнаа да му се закануваат на Иран и да испраќаат воена опрема во регионот.