Американскиот претседател Доналд Трамп му се закани на францускиот колега Емануел Макрон со воведување царини од 100 проценти на сите вински производи од Франција, вклучувајќи го и шампањското, доколку Париз не се откаже од дигиталниот данок кој се применува врз американските технолошки компании.

Трамп рече дека побарал од Макрон укинување на даноците за американските технолошки компании и дека во спротивно, Франција ќе биде погодена од високи увозни царини на американскиот пазар.

Францускиот данок на дигитални услуги познат како ГАФАМ е во сила од 2019 година. Тој наплатува приходи остварени во Франција а со него се погодени технолошките гиганти како Алфабет, Гугл, Амазон, Мета и Ејпл.

Слични новости