Американскиот претседател Доналд Трамп се закани со воведување царини од 100 настона увозот од сите земји кои ќе воведат данок на дигиталните услуги на американските технолошки компании, пренесе АБЦ њуз. Во објавата на социјалните мрежи, Трамп наведе дека мерката особено се однесува на европските земји кои разгледуваат нови даноци насочени кон американските технолошки компании.
„Секоја земја која ќе воведе таков данок, веднаш ќе се соочи со царини од 100 проценти на целата стока која се извезува во САД“ напиша Трамп.
Тој дообјасни дека таа мерка би ги заменила постоечките трговски договори и дека ќе се применува на сите држави кои ќе продолжат со воведување на дигитални даноци.
Слични новости
Србија ги намали акцизите на горивата за 20 проценти
Владата на Србија донесе одлука за привремено намалување на акцизите за гориво поради зголемување на цената на нафтата на светските пазари.
Профитот на „Рајан ер“ намален за една третина
Акциите на ирската нискобуџетна авио-компанија Рајан ер денеска паднаа за повеќе од пет насто, откако компанијата објави дека нејзината нето добивка во првиот квартал опадна за 34 насто меѓугодишно
Цената на нафтата продолжува нагло да расте
Фјучерсите на референтната нафта „Брент“ поскапеа за 3,14 насто на 90,87 долари за барел, достигнувајќи го највисокото ниво од 11-ти јуни. Американската сирова нафта ВТИ поскапе за 2,85 насто на 84,84 долари за барел.


