Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека смета оти Иран не е подготвен да постигне „вистински договор“ и дека Вашингтон го следи развојот на ситуацијата.

Трамп рече дека САД имаат целосна контрола врз целиот регион поврзан со Ормутскиот теснец, вклучувајќи го и копненото подрачје.

„Би сакале да постигнеме договор, но Техеран, спорд моето мислење,  не е подготвен да постигне вистински договор“ изјави Трамп.

Трамп рече дека Вашингтон ја следи ситуацијата и дека не ги исклучува воените опции за решавање на конфликтот со Иран.

Слични новости

Виткоф и Кушнер пристигнаа во Москва

Виткоф и Кушнер пристигнаа во Москва

Американскиот портал „Аксиос“ објави во петокот дека Виткоф и Кушнер ќе ги посетат Москва и Киев овој викенд за да разговараат за начините за решавање на конфликтот во Украина.

Голем пожар над албанскиот приморски град Химара

Голем пожар над албанскиот приморски град Химара

Голем пожар изби над приморскиот град Химара, на југот на Албанија, кој добива загрижувачки размери поради ветерот. Пламените јазици целосно пеплосaа шест куќи, неколку се опожарени, а поради опасноста се евакуирани локални жители и туристи до целосно стабилизирање на состојбата.