Американскиот претседател Доналд Трамп се закани со масовен воен одговор доколку иранските власти се обидат врз него да извршат атентат.

„Илјадници ракети се наполнети и насочени кон Иран, а илјадници други ќе следуваат веднаш, доколку иранската влада се обиде да ја реализира заканата и се обиде да го убие американскиот претседател, односно мене“ објави Трамп.

Доналд Трамп додаде дека наредбите се веќе издадени и дека американската војска е подготвена „целосно да ги десеткува и уништи сите подрачја на Иран“.

 

Официјален Вашингтон побара од Иран да издаде јавно соопштение во кое се потврдува дека сите правци во Ормутскиот теснец се отворени, дека нема да пукаат врз бродовите и дека Иран нема да бара надомест за половидбата на комерцијланите бродови низ Ормутскиот теснец. „Или ќе ни дадат такво соопштение, или нема да има добар исход за нив“, соопшти Белата куќа.

 

Слични новости

Растат тензиите меѓу САД и Иран по истекувањето на договорот за прекин на огнот

Растат тензиите меѓу САД и Иран по истекувањето на договорот за прекин на огнот

Војната не само што не заврши, туку очигледно Вашингтон и Техеран остануваат на крајно спротивставени позиции, со сосема поинаква интерпретација на тоа што се случува и кој всушност го контролира Ормускиот теснец

Техеран: Уништени над 200 непријателски дронови и авиони

Техеран: Уништени над 200 непријателски дронови и авиони

Иранските системи за противвоздушна одбрана соборија повеќе од 200 непријателски летала за време на воениот конфликт со САД и Израел, вклучувајќи дронови и авиони со посади, изјави заменик командантот на Корпусот на Исламската револуционерна гарда Мостафа Изади.

Трамп: Ми се допаѓа идејата Ормутскиот теснец да се прогласи како територија на САД

Трамп: Ми се допаѓа идејата Ормутскиот теснец да се прогласи како територија на САД

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека му се допаѓа идејата Ормутскиот теснец кој се наоѓа меѓу Персискиот и Оманскиот залив да се прогласи како територија на САД, навдувајќи дека Америка веќе го контролира.