Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе дојде до најавената исплата на дивиденди во вредност од 5.000 долари на секој американски полнолетен граѓанин, доколку Републиканската партија победи на претстојните меѓуизбори.

Демократите силно ја критикуваа оваа најава, а Трамп на својата социјална мрежа напиша дека дивидендите ќе бидат исплатени поради фактот што САД прима трилиони долари економски развој, инвестиции и чист успех.

Како пример Трамп наведе дека демократите претходно го критикуваа и пакетот економски мерки, кој Трамп ги нарече „Голем преубав закон“.

Слични новости

Цените на дизелот ќе останат високи поради послабиот  капацитет на рафинериите

Цените на дизелот ќе останат високи поради послабиот капацитет на рафинериите

Цените на дизелот ќе останат високи до крајот на годината, затоа што ограничените капацитети на рафинериите тешко можат да одговорат на обновата на потрошувачката и исцрпените залихи, оцени американската инвестициска банка Голдман Сакс.