Соединетите американски држави успешно изведоа голем напад против Венецуела и го заробија претседателот на оваа држава, Николас Мадуро, кој заедно со неговата сопруга со летала ги извлековме надвор од земјата, се пофали американскиот претседател, Доналд Трамп, на својот профил на социјалната мрежа, Truth Social.
Оваа операција била изведена заедно со американските агенции за спроведување на законите, потврди Трамп.
Тој најави и дека прес конференција за оваа тема ќе се одржи во 11 часот по локално време, односно околу 17 часот по средноевропско време, во Мар-а-Лаго.
Овој потег е кулминација на долгогодишниот притисок на Вашингтон врз Каракас.
Николас Мадуро беше обвинет во американски суд во 2020 година по обвинение за наркотероризам, корупција и трговија со дрога, а Стејт департментот потоа понуди награда од 15 милиони долари за информации што доведоа до негово апсење.
Се очекуваат силни реакции од Венецуела, каде што владата на Мадуро претходно прогласи „вооружена борба“, но и од остатокот од светот, со оглед на тоа дека ова е невиден чин на отстранување на шеф на држава преку воена акција од страна на странска сила.
Слични новости
Зеленски порача дека ако дојде до договор за прекин на огнот Украина ќе го почитува
По вториот ден од трилатералните разговори меѓу Украина и Русија, со посредство на САД во Женева, нема конкретен напредок, иако преговарачите на двете страни изнесоа умерен оптимизам.
Парламентарните избори во Бугарија закажани за 19 април
Бугарија ќе одржи нови предвремени парламентарни избори на 19 април, објави денес претседателката на земјата Илијана Јотова.
Шпанските власти ги истражуваат Мета, ТикТок и Икс поради ширење на детска порнографија
Владата на Шпанија побара од канцеларијата на јавниот обвинител да ги истражи дигиталните платформи Мета, ТикТок и Икс поради можно креирање и ширење на детска порнографија


