Најмалку 14 новороденчиња починале откако избувнал пожар во одделението за породилиште во болница во пакистанскиот главен град Исламабад.
Пожарот избувнал во клима-уред во одделението за мајки и деца во болницата а бргу се проширил поради приклучоците за кислород, пренесуваат медиумите.
Од 15-те бебиња кои во тој момент биле во одделението, едно новороденче било спасено, потврдија одговорните во болницата.
Семејствата се собрале пред болницата — дел од нив во солзи, но голем дел барале и одговорност за трагедијата и прашувале како можело да се случи да избувне пожар во одделението и дали таму воопшто имало противпожарна опрема.
Слични новости
Епидемијата на ебола во Конго се потешка: Повеќе од 2.300 потврдени случаи
Директорот за вонредни ситуации на СЗО Чикве Ихеквезу изјави дека вистинската бројка на случаи на ебола во Конго е најмалку двојно повисока, а можно е да изнесува и четири пати повеќе од официјалната бројка.