Најмалку 14 новороденчиња починале откако избувнал пожар во одделението за породилиште во болница во пакистанскиот главен град Исламабад.

Пожарот избувнал во клима-уред во одделението за мајки и деца во болницата  а бргу се проширил поради приклучоците за кислород, пренесуваат медиумите.

Од 15-те бебиња кои во тој момент биле во одделението, едно новороденче било спасено, потврдија одговорните во болницата.

Семејствата се собрале пред болницата — дел од нив во солзи, но голем дел барале и одговорност за трагедијата и прашувале како можело да се случи да избувне пожар во одделението и дали таму воопшто имало противпожарна опрема.

 

Слични новости

Поранешниот шеф на Гугл побара да се исклучи вештачката интелигенција

Поранешниот шеф на Гугл побара да се исклучи вештачката интелигенција

Поранешниот извршен директор на Гугл Ерик Шмит предупреди дека системите на вештачката интелигенција во наредните пет години би можеле да станат толку напредни што луѓето веќе нема да може да разберат што прават.