Петтото продолжение на анимираната франшиза на студиото Пиксар „Тој стори“ втора недела е на врвот на американскиот Бокс офис со заработка од 70 милиони долари овој викенд. Филмот за две недели има фантастична заработка од 297 милиони долари во САД и дури 585 милиони долари глобално.

За само две недели прикажување Тој стори стана шести филм според заработка на годинашниот Бокс офис, каде што првото место сеуште го држи филмот „Галаксијата на Супер Марио“.

Позитивно за анимираниот филм е што во кино салите привлекува цели семејства, иако во однос на заработката од минатиот викенд таа падна за 56 насто.  

Слични новости

„Одисеја“ на Критофер Нолан заработи фантастични 264 милиони долари во првиот викенд

„Одисеја“ на Критофер Нолан заработи фантастични 264 милиони долари во првиот викенд

Продукциските трошоци на филмот го чинеа студиото Универзал 250 милиони долари, но филмот заработи 124,5 милиони долари викендов само во САД и дополнителни 139,5 милиони долари на 73 пазари надвор од САД.