Јапонскиот производител на автомобили „Тојота“ денеска соопшти дека забележа раст на оперативната добивка од 34 насто за периодот од јули до септември на 6,2 милијарди евра.
Ова е прв раст на Тојота во последните шест квартали, благодарение на силната продажба на хибридни возила и на слабиот јен, пренесува Ројтерс.
Поради подобрените резултати Тојота ја зголеми прогнозата на годишната оперативна добивка на 15 насто, односно на 21,3 милијарди евра, што е многу повисоко во однос на претходните проекции.
Резултатот на Тојота во третиот квартал ги надмина очекувањата на аналитичарите.
Слични новости
Падот на акциите на технолошките копании го урна оптимизмот на американските берзи
Падот на вредноста на производителите на чипови влијаеше на целиот пазар, па акциите на компанијата „Мајкрон технолоџи“ отидоа во минус за повеќе од пет насто, додека „АМД“ и „Бродком“ ослабнаа за 3, односно 2 насто.