Лондонскиот клуб Тотенхем, по катастофалната минатогодишна сезона во која избори опастанок во последното коло е исклучително активен во преодниот рок.

Спарси летсока потрошија преку 250 милиони долари на доведувањето на Сандро Тонали од Њукасл, Матеус Фернандеш од Вест Хем и Ван Хеке од Брајтон, а потпишаа и тројца слободни агенти : Робертсон од Ливерпул, Сенеси од Борнмут и голманот Дубравка од Барнли.

Менаџерот Де Зерби за финишот на преодниот рок подготвува засилувања и во нападот. Де Зерби е посебно заинтересиран за крилниот напаѓач на Манчестер сити Савињо, а медиумите пренесуваат дека Тотенхем се обидува да ги доведе во пакет Савињо и Омар Мармуш од Манчестер сити.

Мармуш стигна во сити пред една година во трансфер вреден 70 милиони евра од Ајнтрахт од Франкфурт, но новиот тренер на сити Енцо Мареска го нема Мармуш во своите визии. Во игра за доаѓање во Тотенхем и крилниот напаѓач на Ливерпул, холандскиот репрезентативец Коди Гакпо.

Слични новости

Ајакс од Амстердам потпиша договор со доскорешниот играч на Тотенхем Ив Бисума

Ајакс од Амстердам потпиша договор со доскорешниот играч на Тотенхем Ив Бисума

Бисума во 2022 дојде во Тотенхем од Брајтон за сума од 30 милиони фунти, но поради честите повреди малку играше за Тотенхем, па клубот од Лондон не му понуди нов договор на Бисума, кој во Ајакс дојде како слободен играч.