Ниту Сандро Тонали платен 108 милиони евра, ниту Фернандеш за кој Тотенхем издвои 98 милиони евра не му помогнаа на Тотенхем синоќа против Брентфорд кој убедливо славеше со 3:0 на стартот од премиер лигата.
Тотенхем потроши дури 327 милиони евра на засилувања во летниот преоден рок, а менаџерот Де Зерби, практично нема тим.
Тотенхем можеше да загуби и поубедливо доколку Тијаго не промашеше пенал за Брентфорд.
Тотенхем и Манчестер јунајтед се најнепријатните изненадувања на стартот од новата сезона, откако Манчестер јунајтед претходно загуби од Хал со 2:0.
Слични новости
Рома со пресврт во завршницата ја победи Аталанта
Гостите од Бергамо поведоа во 47-та минута со голот на Едерсон, а пресвртот го донесоа Марио Хермосо во 90-тата и Матијас Суле во третата минута од судиското надополнување.
ПСЖ го продолжи договорот со Луис Енрике до 2030-та година
Фудбалскиот клуб Париз Сен Жермен го продолжи договорот со шпанскиот тренер Луис Енрике до 2030-та година, соопшти францускиот шампион. Освен шампионските титули на Франција, Луис Енрике на два пати последователно ја освои и титулата европски шампион.
Тотенхем поразен и во второто коло од Премиер лигата иако потроши најмногу пари за засилувања во светот
Тотенхем летоска потроши преку 400 милиони евра на збучни засилувања, но тимот никако да се вклопи и се најде на последното место на Премиер лигата со два убедливи порази и без постигнат гол.


