Тотенхем упати писмо до професионалната организација на судии на англискиот фудбал и нејзинииот шеф Хауард Веб, изразувајќи загриженост поради клучните судиски одлуки во тековната сезона, пренесуваат денеска британските медиуми.

Според извори на Би Би Си Спорт, клубот посебно се фокусирал на недоследните одлуки што доведоа да се признаат или поништат голови по контакти во шеснаесетникот. Тотенхем смета дека е оштетен во повеќе наврати во текот на сезоната.

Тотенхем е пласиран во осминафиналето на Лигата на шампионите, но во Премиер лигата се бори за опстанок и има само 4 бода повеќе од Вест Хем кој е 18-ти и е во зоната на испаѓање од Премиер лигата.  

Слични новости

Голден Стејт Вориорс елиминирани во плеј инот од Феникс

Голден Стејт Вориорс елиминирани во плеј инот од Феникс

Голден Стејт одигра слаб натпревар, а потфрли и првата ѕвезда на тимот Стеф кари кој имаше шут 3 од 10 за тројка.
Со тоа Феникс во првото коло ќе игра против првопласираната Оклахома, а Портланд ќе игра против Сан Антонио.