Тотенхем целосно ја загуби довербата во Томас Франк и се очекува наскоро да ја доведе неговата замена. Поразот од Астон Вила на „Вајт харт лејн“ ја запечати судбината на Томас Франк кој целосно потфрли откако на клупата го замени Ангелос Постекоглу.
Томас Франк го водеше Тотенхем на 31 натпревар и впиша само 11 победи со 8 нерешени и дури 12 порази и не делува дека може да го извлече тимот од лошата форма. Освен слабите резултати загрижува и сосема неуверливата и негледлива игра на Тотенхем.
За сега нема индиции кој би го заменил Томас Франк, а се шпекулира дека една од изгледните опции е клубот да го врати Маурисио Покетино, откако ќе му завршат обврските со репрезентацијата на САД летоска на мундијалот.
Слични новости
Крај на кариерата на Линдзи Вон
Последните информации се дека таа ја скршила левата нога врз која и е извршена операција. Само два месеци пред почетокот на Олимписките игри Линдзи Вон ги скина предните вкрстени лигаменти на десното колено
Се повреди стоперот Жаке кој Ливерпул го купи за 72 милиони евра
Медиумите пишуваат дека Жаке најверојатно ќе мора да оди на операција, а потоа и на повеќемесечна рехабилитација. Тој беше планиран како големо засилување во срцето на одбраната на Ливерпул за сезоната 2026/2027.
Кем Томас од Бруклин во Милвоки
Досегашниот кошаркар на Бруклин Кем Томас стана нов играч на Милвоки Бакс, пренесе американската телевизија ЕСПН


