Иако беше фаворит за добивање на наградата БАФТА за главната улога во филмот „Марти Суприм“ Тимоти Шаламе изненадувачки ја загуби наградата во ЛОндон од Роберт Арамајо за филмот „Се колнам“.
Синоќа, на доделувањето на актерските награди во Холивуд, Шаламе го претпре и вториот пораз во низа, откако актерската награда му беше врачена на Мајкл Б. Џордан за улогата во филмот „Грешници“.
Годинашниот фаворит на Оскарите „Една битка по друга“ исто така доби разочарувачки само една награда и тоа на Шон Пен за споредна машка улога. Шон Пен не беше присутен на свеченоста за да ја прими наградата.
Филмот беше номиниран во дури 7 категории за освојување на актерските награди.
Слични новости
Пол Макартни најави нов албум
Легенадрниот басист на Битлси Пол макартни подготвува нов албум со наслов „The Boys of Dungeon Lane“. Албумот е создаден во соработка со продуцентот Ендру Вот и ќе биде објавен на 29 мај
Тајгер Вудс повторно уапсен по предизвикана сообраќајна несреќа
Американската голф ѕвезда Тајгер Вудс беше приведен откако со неговиот Лендровер предизвика сообраќајна несреќа и се товари за возење под дејство на лекови.
Повеќе од 10.000 еутаназии минатата година во Холандија
Во Холандија минатата година се забележани 10.341 смртен случај предизвикан со еутаназија, што е зголемување за 3,8 насто во однос на претходната година, соопшти комитетот за преиспитување на еутаназијата.


