Кина почна да изведува големи ненајавени воени вежби во западниот Пацифик и околу регионот на Тајван, распоредувајќи преку 100 бродови во потег кој тајванските челници го опишаа како „тивко застрашување“, пренесува Ројтерс.

Вежбите вклучуваат симулација на напади врз градови и други армии, вклучувајќи и градови на Тајван.  

Вежбите се одржуваат пред самитот на лидерите на АПЕК во кинексиот Шенжен, на кој се очекува и средба меѓу претседателите на Кина и САД Си Џинпинг и Доналд Трамп.

Разузнавачите проценуваат дека отсуството на најава за воените вежби е планиран потег на Пекинг да изврши воен притисок без големи дипломатски последици.

Слични новости

Три години војна во Газа

Три години војна во Газа

Пред три години почна војната во Газа, предизвикана од нападот на Хамас врз Израел. Епилогот е што околу два милиони жители на Газа се и натаму раселени, а многумина живеат во шатори меѓу урнатините.