Фудбалерот од средниот ред на Монако, 30-годишниот Такуми Минамино, претрпе сериозна повреда на коленото во неделата на натпреварот од Купот на Франција против Оксер и се очекува да го пропушти Светското првенство следното лето во САД, Мексико и Канада.
Минамино претрпе руптура на предните вкрстени лигаменти на левото колено и се очекува да биде опериран.
„За време на натпреварот против Оксер, нашиот играч од средниот ред Минамино го повреди левото колено. Лекарските прегледи покажаа руптура на предните вкрстени лигаменти“, објави клубот од Кнежевството.
Јапонскиот играч од средниот ред е во Монако од јули 2022 година и досега постигна 23 гола на 120 настапи. Има 73 настапи и постигнато 26 гола за јапонската репрезентација.
На Светското првенство, Јапонија ќе игра во групата Ф заедно со Холандија, Тунис и еден тим од четворката Украина, Шведска, Полска и Албанија.
Слични новости
Крај на кариерата на Линдзи Вон
Последните информации се дека таа ја скршила левата нога врз која и е извршена операција. Само два месеци пред почетокот на Олимписките игри Линдзи Вон ги скина предните вкрстени лигаменти на десното колено
Се повреди стоперот Жаке кој Ливерпул го купи за 72 милиони евра
Медиумите пишуваат дека Жаке најверојатно ќе мора да оди на операција, а потоа и на повеќемесечна рехабилитација. Тој беше планиран како големо засилување во срцето на одбраната на Ливерпул за сезоната 2026/2027.
Кем Томас од Бруклин во Милвоки
Досегашниот кошаркар на Бруклин Кем Томас стана нов играч на Милвоки Бакс, пренесе американската телевизија ЕСПН


