Фудбалерот за врска на Милан Рубен Лофтус-Чик доживеа тешка повреда на мечот Милан Парма по која беше итно опериран во болница.

Англискиот фудбалер доживеа повеќе фрактури на вилицата во сударот со голманот од сопствениот тим и на носилки беше изведен од теренот во несвесна состојба, а потоа итно транспортиран во болница.

На Лофтус Чик му се скршени повеќе заби, доживеа потрес на мозокот, фрактира на вилицата и според првите прогнози го чека неколкумесечна пауза и долго опоравување.  

Слични новости

Дебакл на италијанскиот фудбал

Дебакл на италијанскиот фудбал

Италија е на пат оваа сезона во Лигата на шампионите да доживее незапаметен дебакл, затоа што лесно може да се случи во осминафиналето да нема ниту еден претставник.