Борусија од Дортмунд до крајот на сезоната нема да може да смета на еден од најдобрите фудбалери за врска во клубот Емре Џен, откако фудбалерот се повреди на дербито со Баерн Минхен, кое Борусија го загуби со 2:3. .

Некогашниот фудбалер на Ливерпул ги скина предните вкрстени лигаменти на коленото што ќе го оддалечи од фудбалските терени подолг период.

Спортскиот директор на клубот Себастијан Кел изјави дека повредата на Џан е горка не само за него, туку за целиот тим на Борусија кој остана без својот капитен.

Борусија испадна од Лигата на шампионите и до крајот на сезоната ќе се натпреварува само во Бундес лигата.

Слични новости