Американските носачи на авиони веќе не се присутни во Персискиот залив, бидејќи се повлекоа на 1.000 километри од брегот на Иран, изјави заменик-командантот на Исламската револуционерна гарда генерал Али Фадави.

Иранскиот генерал изјави дека Иран досега искористил само минимум од неговите сили, а САД свесни за опасноста се повлекле од Перисскиот залив. Тој рече дека и најранлива точка за Американците се нивните бродови.

Иранската армија соопшти и дека денеска пресретнала и уништила дрон од типот МQ-9 Reaper, во централниот дел од Иран. Тоа според иранската армија е 146-тото летало без посада што го соборил Иран.

Дронот MQ-9 Reaper, што се користи за надзор и напади чини околу 30 милиони долари.

Слични новости

Унгарија стави вето за нови санкции против Русија и финанска помош од ЕУ за Украина на четиригодишнината од војната

Унгарија го блокираше 20-тиот пакет санкции против Русија и заемот од 90 милијарди евра за Украина, барајќи Киев да го врати транзитот на нафта преку нафтоводот „Дружба“.

Иран се подготвува за напад од САД

Додека САД го засилуваат своето воено присуство на Блискиот Исток во последните денови, Иран презема низа чекори што укажуваат дека е подготвен за потенцијален вооружен конфликт, од обнова на ракетни објекти до понатамошно идентификување на нуклеарни локации.