Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи изјави дека она што било содржано во меморандумот за разбирање од Исламабад претставувало „окончување на војната, а не примирје“. Тој додаде дека САД го прекршиле меморандумот за разбирање и дека борбите продолжиле, така што и немало 60-дневно примирје кое би можело да се продолжи.

Арагчи истакна дека Техеран сеуште не донел одлука за продолжување на преговорите со САД, но наведе дека посредничките земји Катар и Пакистан разменуваат контакти и се во контакт со Иран.

Иранскиот министер порача дека каналите на комуникација кои претходно постоеја вече не се делотворни и дека треба да биде воспоставен нов канал.

Слични новости