Кошаркарите на Денвер утринава на гостински терен го победија Мемфис со 123:118, со што ја забележаа петтата победа на последните седум меча.

Најефикасен во победничкиот тим беше Џамал Мари со 30 коша, од кои 17 во последната четвртина. Јокиќ забележа дбал-дабл учинок со 27 поени и 11 скокови, а Камерон Џонсон постигна 23 коша за Денвер.

Кај Мемфис најефиканси беа Тај Џером и Џејлен Велс со по 22 коша.

Мемфис забележа порази на четири од последните пет натпревари, откако победи во сите шест натпревари на стартот од новата сезона.

Слични новости