Тензиите растат пред Домот на Народната скупштина во Белград во неделата и откако полицијата не ѝ дозволи на Дијана Хрка да се приближи до зградата на српскиот парламент за да го започне таму штрајкот со глад, по што граѓани спонтано почнаа да се собираат за да ја поддржат.

Меѓутоа, како што бројот на граѓани почна да се зголемува, српската полиција распоредува дополнителни сили, известуваат белградските медиуми.

 

Полициска бригада, во целосна опрема за разбивање демонстрации, ги поттиснува претходно собраните граѓани кон Булеварот на Кнез Милош, додека луѓе од таканаречениот Ќациланд (шаторска населба спроти парламентот) се собираат во голем број во оградениот простор околу Скупштината.

На видеата што се појавуваат на социјалните мрежи, можете да видите како полицијата ги потиснува граѓаните, меѓу кои е и поранешниот кошаркар Владимир Штимац.

Сепак, полицијата во опрема за разбивање демонстрации повторно се позиционираше наспроти граѓаните зад оградата, а сè поголем број полицајци се групираат во оградениот простор околу Скупштината.

Граѓаните и Дијана Хрка останаа пред железната оградата што беше поставена за никој да не може да се искачи пред Скупштината. Сè повеќе луѓе се собираат во поддршка на Дијана Хрка, но во меѓувреме, повеќе луѓе пристигнаа и во таканаречениот Ќациленд.

globe

Слични новости

ЕК ги отфрла критиките кон ЕУ во стратегијата на САД

ЕК ги отфрла критиките кон ЕУ во стратегијата на САД

Европската комисија на Урсула фон дер Лајен во петокот ги отфрли критиките на сметка на Европската унија во новиот американски документ во кој се опишува стратегијата за националната безбедност, а истовремено започнаа првите реакции меѓу европските политичари