Американската војска е многу послабо подготвена за воени дејства во арктички услови во однос на вооружените сили на северноевропските земји и покрај тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп дека само САД може ефикасно да го бранат Гренланд, пишува британкиот весник „Тајмс“.

Весникот се повикува на воени извори кои тврдат дека за време на заедничките воени вежби одржани 2025 на северот од Норвешка, американските војници имале големи тешкотии во услови на екстремен студ и теѓок терен, за разлика од своите европски сојузници.

Според овој извор, командантите на вежбата од НАТО биле принудени да побараат од финската војска која симулирала непријател, да го ублажат интензитетот на дејствата кон американските единици и да не ги понижуваат.

 

Слични новости

Иран го затвори Ормускиот мореуз

Иран го затвори Ормускиот мореуз

Ова е прв пат Иран да го затвори овој клучен воден пат, низ кој минува 20 насто од светската нафта, откако САД почнаа да му се закануваат на Иран и да испраќаат воена опрема во регионот.