Производителот на најнапредни чипови ТСМЦ денеска објави дека во четвртиот квартал во 2025забележа пораст на нето профитот од 35 насто меѓугодишно на рекордни 16 милијарди долари.

Добивката е многу поголема од очекувањата на берзите, а компанијата порачува дека годинава очекува силно продолжување на растот и планира дополнително проширување на капацитетите во САД.

ТСМЦ е најголем светски производител на чипови за вештачка интелигенција, а наведе дека силната побарувачка прозилегува од „Мега трендот“ за вештачка интелигенција и соопшти дека најголемите американски компании ЕПЛ и Енвидија директно побарале дополнителни производствени капацитети.

Слични новости

Цените на нафтата и гасот во режим на паника

Цените на нафтата и гасот во режим на паника

Цената на нафтата Брент денеска се покачи за 4,79 насто на 96,3 долаи по барел, а сировата нафта скокна за 4,29 насто на 91 долар за барел. Експертите сметаат дека цените на енергентите на берзите и натаму се во режим на паника.