Танкерот којшто го запленија САД крај брегот на Венецуела ќе биде испратен во американско пристаниште, изјави портпаролката на Белата куќа, Каролајн Ливит, во четвртокот без да прецизира во кое пристаниште.
„Бродот ќе биде насочен кон американско пристаниште и САД имаат намера да ја запленат таа нафта… Постои законска постапка за запленување на таа нафта и таа ќе биде почитувана“, додаде Ливит.
Американскиот претседател Доналд Трамп претходно во средата изјави дека САД заплениле танкер крај брегот на Венецуела, прв во кризата меѓу Вашингтон и Каракас, која ја критикуваше како „меѓународно пиратство“.
Главната државна обвинителка на САД, Пам Бонди, и директорот на Федерално биро за истраги (FBI), Каш Пател, изјавија дека танкерот бил дел од нелегална мрежа за транспорт на нафта којашто наводно „финансира странски терористички организации“.
Бонди изјави на социјалната мрежа X дека бродот се користел за транспорт на санкционирана нафта од Венецуела и Иран, додавајќи дека танкерот е под санкции на САД со години.
Во четврток, САД воведоа нови санкции против тројцата внуци на венецуелскиот претседател Николас Мадуро и шест бродови што транспортираат венецуелска нафта, објави американскиот портал Axios, пренесува Reuters.
Трамп во неколку наврати се закани со воена интервенција во Венецуела, обвинувајќи ја за наводно испраќање дрога во САД.
„Николас Мадуро и неговите криминални соработници во Венецуела ги преплавуваат САД со дрога што го труе американскиот народ“, изјави американскиот министер за финансии Скот Бесент, според соопштението објавено од Axios.
Слични новости
Норвешката полиција го истражува поранешниот премиер Јагланд за врските со Епштајн
Норвешката полиција во четвртокот соопшти дека отворила истрага за „отежната корупција“ против поранешниот премиер Торбјорн Јагланд поради неговите врски со осудениот сексуален престапник Џефри Епштајн.
Обидот на Трамп да го присвои Гренланд ги сврте Ервопјаните против него
Најновата анкета што ја спроведе YouGov во данска, Германија, Франција, Италија, Шпанија и Велика Британија покажа дека Европјаните се свртеа против...
Атентат врз руски генерал во Москва
Високиот генерал во руската војска Владимир Алексеев е застрелан неколкупати и ранет во Москва. Генерал-полковникот Алексеев беше превезен во болница веднаш по нападот во станбена зграда во северозападниот дел на градот и неговата состојба е непозната.


