Сообраќајот низ Ормутскиот теснец почна да се опоравува по напредокот во преговорите меѓу САД и Иран, а податоците за следењето на бродовите покажуваат дека денеска два супертанкери го напуштија теснецот, додека седум празни танкери впловија во Персискиот залив по нов товар.
Компаниите наведуваат дека прометот порасна откако Вашингтон и Техеран ја завршија првата рунда од разговорите за постигнување траен мир во наредните 60 дена, пренесува Ројтерс.
Аналитичарите проценуваат дека продолжувањето на преговорите би можел да овозможи извоз на дополнителни колични сирова нафта која остана блокирана во Персискиот залив од почетокот на конфликтот, како и зголемување на извозот на иранската нафта по ублажувањето на санкциите.
Слични новости
Цените на нафтата пораснаа поради ескалацијата на судирот меѓу САД и Иран
Фјучерсите за нафтата Брент денеска пораснаа за 70 центи на 84,93 долари по барел, а американската сирова нафта ВТИ поскапе за 81 цент на 79,76 долари по барел, јавува Ројтерс.
Економистите очекуваат дека Европската Централна Банка нема да ги зголеми каматите
Европската Централна Банка (ЕЦБ) идната недела најверојатно нема да ги смени каматните стапки, но нивно зголемување се очекува во септември, сметаат економистите.
Нафтата Брент поскапе на 79 долари, новите судири ги пореметија берзите
Европските индекси на берзите денеска се главно нестабилни, додека инвеститорите се подготвуваат за важна недела во која ќе бидат објавени...


