Суровата нафта Брент денеска достигна цена од речиси 105 долари за барел, што е пораст од повеќе од 40 отсто од почетокот на војната во Иран.
Цената на барел Брент, кој важи за меѓународен стандард, порасна за 1,6 отсто и денеска изнесува 104,73 долари, пренесуваат светските агенции.
Американската референтна сурова нафта порасна за еден отсто на 99,68 долари за барел, што претставува пораст од речиси 50 отсто од почетокот на војната. Во петокот, загубите на Волстрит се продлабочија, бидејќи војната повторно ги подигна цените над 100 долари за барел, засилувајќи го инфлаторниот притисок врз глобалната економија.
Според податоците на независната истражувачка фирма „Rystad Energy“. За нешто повеќе од една недела од затворањето на Ормускиот теснец, повеќе од 12 милиони барели нафта дневно се исклучени од употреба.
Слични новости
Продолжува растот на цените на нафтата и гасот поради воената криза на Блискиот исток
Фјучерсите на европските цени на гасот скокнаа и за 33 насто на највисоко ниво од јануари 2023, откако Катар целосно го прекина производството на течен природен гас ЛНГ, по иранските напади со дронови врз клучните постројки за прозводство на гас.
Голем пад на европските компании на берзите
Акциите на европските компании забележаа голем пад на берзите откако САД и Израел започнаа напади врз Иран во текот на викендот. Паневропскиот СТОКС падна за 1,7 насто, при што главните берзи забележаа негативни резултати.
Ако продолжи војната на Блискиот исток цената на нафтата може да надмине 100 долари по барел
Аналитичарите предупредуваат дека повеќе немири, хаотичен вакуум во власта, напади што би го прекинале производството или продолжено затворање на клучниот Ормутски теснец би можеле да ја зголемат цената на нафтата на 100 долари за барел или повеќе.


