Семејниот анимиран филм „Супер Марио Галаксијата“ за велиднескиот викенд во САД и Западна Европа отвори со фантастични 372 милиони долари заработка и стана најуспешен филм на Бокс Офисот за 2026. Во САД филмот заработи 190 милиони долари, а на 80 глобални пазари каде што почна да се прикажува стигна до заработка од 182,4 милиони долари.

„Проектот Хеил Мери“ во третиот викенд продолжува со солидна заработка и покрај тоа што е истиснат од ИМАКС кината од Супер Марио. Научно фантастичниот филм со Рајан Гослинг викендов надмина 200 милиони долари заработка во САД и 400 милиони долари глобално.

„Хоперс“ на Дизни е сеуште во првите 5 на Бокс Офисот и стигна до глобална заработка од 323 милиони долари.

Слични новости

Новиот хорор „Мумијата“ разочара на Бокс офисот каде што сеуште е прв „Супер Марио“

Новиот хорор „Мумијата“ разочара на Бокс офисот каде што сеуште е прв „Супер Марио“

„Галаксијата на Супер Марио“ и научно фантастичниот „Хеил Мери“ продолжија да владеат со американскиот Бокс офис, откако новиот хорор блокбастер „Мумијата“ на Ли Кронин стигна само до третото место викендов.