Во кругот на ЈП Комуналец во Струмица синоќа избувна голем пожар во магацински објекти. На терен интервенирале четири противпожарни возила и 15 пожарникари-спасители кои се соочија со исклучително тешки услови за гаснење, пренесуваат локалните медиуми.
Поради опасност од електричен удар, било побарано исклучување на струјата од страна на ЕВН.Еден од тимовите, и покрај дождот, успеа да го отвори лимениот покрив за да се овозможи излегување на чадот и подобри видливост во внатрешноста на објектот.
Пожарот е локализиран и изгаснат, но екипи сè уште дежураат на терен.Причинета е голема материјална штета, а причините за избувнување на пожарот допрва ќе се утврдуваат.
Слични новости
Саем за храна со домашни производи и специјалитети од сите региони во Македонија
Под мотото „Вкуси ја традицијата преку домашна здрава храна“, Саемот ќе ги промовира производите „Македонско најдобро“. Саемот за храна ќе понуди богат избор на свежо овошје и зеленчук, млечни производи, мед, преработки од овошје и зеленчук и вино.
Променливо облачно време со локални врнежи од дожд
Времето денеска ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд, кои повремено ќе бидат пообилни. Се очекува и невреме со пообилен пороен дожд, засилен ветер и појава на грмежи.
Побаран притвор за пет лица за поткуп, меѓу кои директорот на Платежната агенција и вработени во УЈП и МЗШВ
Дел од паричните средства кои биле дадени како поткуп, како што информираат од Обвинителство и МВР, во износ од 400 евра се пронајдени и одземени при вчерашниот претрес


