Реткиот примерок на изданието „Action comics 1“ каде што за прв пат е претсавен на светот легендарниот Супермен е продадено за 15 милиони долари.

Оваа неверојатна сума не само што поставува нов рекорд во светот на колекционерските стрипови туку сведочи и за енормната популарност и култното значење на овој култен јунак.

Оригиналното издание кое во 1938 чинело само 10 центи, сега вреди вистинско богатство. Анонимниот продавач на стрипот остварил неверојатен профит, а не е познат ниту идентитетот на купувачот на колекционерското издание.

Инаку овој стрип своевремено му припаѓаше на актерот Николас Кејџ кој и самиот е страстен колекционер на стрипови.

Тој го купи примерокот во 1996 за 150 000 долари, но тој беше украден од неговата куќа во 2000-тата година, за време на една забава.

Стрипот беше пронајден од полицијата 11 години подоцна, а Кејџ го продаде на аукција за 2,2 милиони долари.  

Слични новости

Слика од Пикасо за 100 евра

Слика од Пикасо за 100 евра

Во Франција е покрената добротворна лотарија во која учесниците за цена од 100 евра потикет, може да освојат слика од Пабло Пикасо, објавија организаторите. Делото на прославениот шпански сликар ќе биде доделено на извлекувањето во аукциската куќа Кристи во Париз.

Екипажот на мисијата Артемис 2 се враќа дома

Екипажот на мисијата Артемис 2 се враќа дома

Мисијата, лансирана на 1 април 2026 година, беше првото човечко патување околу Месечината по повеќе од половина век. Астронаутите поминаа околу 10 дена во лет, следејќи траекторија на „слободно враќање“