Цените на гасот се ближат кон тригодишниот максимум, додека цената на нафтата Брент надмина 84 долари по барел. На берзите завладеа страв дека војната на САД и Израел против Иран ќе трае подолго од тоа што се очекуваше.

Конфликтот влезе во шестиот ден, а Вашингтон порача дека воените акции би требало да траат 4-5 недели и дека нема да прераснат во „бесконечна војна“, како војните во Авганистан или Ирак.

Експертите сепак предупредуваат дека судирот би може да се искомпликува доколку иранскиот режим биде отпорен, а постои можност Техеран да го прошири конфликтот низ целиот регион.

Катар од понеделникот го прекина производството на течен гас, што придонесе за огромен скок на цената на гасот, а Иран го блокираше транспорот на енергентите кај Ормутскиот теснец што придонесе цената на нафтата да се зголеми за цели 10 долари по барел од почетокот на војната.

Слични новости

Британците панично купуваат бензин во очекување на големи поскапувања

Бензиските пумпи во Бекенам, јужен Лондон привремено останаа без гориво, а многу возачи пристигнуваа со канистри за да се снабдат за подолг временски период. Стравот од недостиг на гориво е забележлив и во други градови во Велика Британија, објавува „Дејли меил“.

Морган Стенли укинува 2.500 работни места

Намалувањето на бројот на работните места се случи во три главни дивизиски банки- инвестициското банкарство и трговијата, управување со богатството и управување со инвестициите.