Маршевите во 73 града ширум Франција вчера собраа над половина милион луѓе. Пред демонстрациите во кои учествуваа студентите, вработените во јавниот сектор, па дури и во приватните фирми, властите предупредија граѓаните да се воздржуваат од судири со полицијата.

Поголемиот дел од протестите беше мирен, но сепак на одделни места полицијата мораше да интервенира што беше случај во Париз, Лион, Нант и Рен каде што полициските сили употребија солзавец.

Синдикатите порачаа дека протестите нема да запрат се додека владата не ги исполни нивните барања меѓу кои се зголемување на платите, мерки против високите трошоци за живот и поголеми вложувања во јавните служби.

Владата соопшти дека работата на една третина од установите за високо образование е пореметена поради штрајковите и протестите, додека синдикатот на Унијата на студентите тврди дека се погодени дури 90 насто од Универзитетите.

Слични новости

Хутите ја засилуваат контролата врз Баб ел Мандев – зазедоа уште еден стратешки остров во јужното Црвено Море

Хутите ја засилуваат контролата врз Баб ел Мандев – зазедоа уште еден стратешки остров во јужното Црвено Море

Хутите зазедоа уште еден стратешки важен остров во јужното Црвеното Море, соопштија нивните претставници, а потврда на таквата информација дојде и од владата во Сана. На тој начин, јеменските бунтовници дополнително ја засилија контролата над поморската рута Баб ел Мандеб.