Маршевите во 73 града ширум Франција вчера собраа над половина милион луѓе. Пред демонстрациите во кои учествуваа студентите, вработените во јавниот сектор, па дури и во приватните фирми, властите предупредија граѓаните да се воздржуваат од судири со полицијата.
Поголемиот дел од протестите беше мирен, но сепак на одделни места полицијата мораше да интервенира што беше случај во Париз, Лион, Нант и Рен каде што полициските сили употребија солзавец.
Синдикатите порачаа дека протестите нема да запрат се додека владата не ги исполни нивните барања меѓу кои се зголемување на платите, мерки против високите трошоци за живот и поголеми вложувања во јавните служби.
Владата соопшти дека работата на една третина од установите за високо образование е пореметена поради штрајковите и протестите, додека синдикатот на Унијата на студентите тврди дека се погодени дури 90 насто од Универзитетите.
Слични новости
САД наредија итна евакуација на амбасадите во Персискиот залив
САД наредија повлекување на дел од дипломатскиот персонал и на нивните семејства од Саудиска Арабија и подготвуваат слични мерки во другите земји од Персискиот Залив.
Tрамп за немирите во Европа: Нема да дозволиме да ни се случи истото
На узборен митинг во Канзас претседателот Трамп порача дека САД нема да дозволат да им се случи истото како во Европа и изрази надеж дека состојбата со демонстрантите ќе се смири.
Италија испраќа 500 војници во Милано по насилните протести
Италијанската влада планира да испрати дополнителни воени трупи во Милано по два дена немири, судири со полицијата и грабежи на продавници.


