Пики Блајндерс во шесте сезони беше репер за квалитетна телевизиска серија креирана од Стивен Најт. Приказната беше фокусирана на семејството од Бирмингам Шелби, а главниот лик Томи Шелби му донесе светска слава на Килијан Марфи кој стигна и до Оскар со „Опенхајмер“.

13 години по премиерата на „Пики Блајндерс“ на Би Би Си 2 ( една година подоцна правата за емитување ги откупи стримерот Нетфликс) публиката ќе може да види како се затвора визијата на Најт за злогласната банда со жилети во качкетите од Бирмингам.

На крајот, целата дузина негативци против кои се бореше Шелби од немилосрдниот инспектор Кембел(Сем Нил) па се до италијанскиот мафијаш Чангрета( Адријан Броди) завршува со најмрачната фигура меѓу двете светски војни -Хитлер.

Слични новости

Брус Спрингстин ја објави „Streets of Minneapolis“, песна за убиените Алекс Прети и Рене Гуд

Рок иконата Брус Спрингстин објави протестна песна со наслов „Streets of Minneapolis“, која им ја посвети на жителите на Миннеаполис, како и на Алекс Прети и Рене Гуд, кои овој месец беа убиени од федерални агенти.