Британскиот премиер Кир Стармер денеска изјави дека ќе се бори против било кој што ќе се обиде да го смени од функцијата претседател на Лабуристичката партија и дека верува оти ако дојде до негова смена тоа ќе биде „лошо за земјата“.
„Ако постои предизвик, имам намера да се борам со секој предизвик за моето лидерство. Не мислам дека треба да има предизвик, затоа што тоа би било лошо за земјата“, изјави Стармер за Би Би Си.
Поранешниот британски министер за здравство Вес Стритинг претходно изјави дека е подготвен да се обиде да го смени Стармер од лидерската функција на Лабурситичката партија и дека би го заменил на премиерската функција веќе идната недела.
Најавите за смена на Стармер уследија по фијаското на лабуристите на неодамна одржаните локални избори во Британија.
Слични новости
САД извршија нови удари врз Иран, Техеран возврати со напади врз Бахреин и Кувајт
Најновите напади покажуваат дека САД и Иран се приближуваат кон општа војна по распадот на минатомесечниот привремен договор кој требаше крајно да ги оконча судирите. Истовремено, речиси е целосно запрен поморскиот сообраќај низ Ормутскиот теснец.
Епидемијата на ебола во Конго се потешка: Повеќе од 2.300 потврдени случаи
Директорот за вонредни ситуации на СЗО Чикве Ихеквезу изјави дека вистинската бројка на случаи на ебола во Конго е најмалку двојно повисока, а можно е да изнесува и четири пати повеќе од официјалната бројка.
Русија изврши голем ракетен напад врз Киев
Русија изврши серија напади со балистички ракети врз украинскиот главен град Киев, при што загина едно лице, а најмалку 14 се повредени, соопштија украинските власти.


