„Непосреден дијалог“ меѓу Украина и Русија со „активно учество на САД и Европа“, подржаа лидерите на Франција, Германија и на Обединетото Кралство , пренесуваат светските агенции.
Во заедничка изјава дадена во Лондон, францускиот претседател Емануел Макрон, германскиот канцелар Фридрих Мерц и британскиот премиер Кир Стармер оценија дека „тековната линија на контакт треба да послужи како почетна точка за преговори“, нагласувајќи дека „меѓународните граници не треба да се менуваат со сила“.
Тие на средбата со Зеленски разговарале и за зголемување на производството на одбранбено вооружување и за развој на способности за напади длабоко на руска територија, по засилените руски ракетни напади, меѓу кои и употреба на ракети „Орешник“.
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, порача дека Европа мора да има клучна улога во мировните преговори.
Слични новости
САД со нови напади врз Иран
Соединетите Американски Држави извршија нов бран воздушни напади врз ирански воени цели, соопшти американската Централна команда, наведувајќи дека биле погодени командни центри, ракетни и беспилотни системи, како и објекти за противвоздушна одбрана.
САД извршија нови удари врз Иран, Техеран возврати со напади врз Бахреин и Кувајт
Најновите напади покажуваат дека САД и Иран се приближуваат кон општа војна по распадот на минатомесечниот привремен договор кој требаше крајно да ги оконча судирите. Истовремено, речиси е целосно запрен поморскиот сообраќај низ Ормутскиот теснец.
Епидемијата на ебола во Конго се потешка: Повеќе од 2.300 потврдени случаи
Директорот за вонредни ситуации на СЗО Чикве Ихеквезу изјави дека вистинската бројка на случаи на ебола во Конго е најмалку двојно повисока, а можно е да изнесува и четири пати повеќе од официјалната бројка.


