Велика Британија секогаш ќе се спротивстави на оние кои сакаат да им наштетат на еврејските заедници, рече премиерот Кир Стармер, повикувајќи ги студентите да ги напуштат протестите на втората годишнина од нападите на Хамас врз Израел на 7-ми октомври.
„Секое израелско дете треба да живее безбедно покрај своите палестински соседи“, рече Стармер во авторски напис во весникот Times.
Го нарекува „небритански“ демонстрациите што треба да се одржат на универзитетите, бидејќи тие не покажуваат почит кон другите. Додава дека некои ги користат пропалестинските протести како „изговор за напад врз британските Евреи“.
Годишнината од нападите на Хамас доаѓа имено неколку дена откако Британец со сириско потекло, 35-годишниот Џихад Ал-Шами, избоде до смет двајца мажи пред синагога во Манчестер.
„Денеска, на годишнината од злосторствата од 7-ми октомври, студентите повторно планираат протести. Тоа не сме ние како земја. Небританско е да се покажува непочитување кон другите“, пошува Стармер.
Слични новости
Москва бара појаснување од САД за нуклеарните тестови
Русија во петокот ги повика САД да разјаснат, како што ги нарече, контрадикторни сигнали за продолжување на нуклеарните тестови, велејќи дека таков чекор би предизвикал сериозни реакции од Русија и други земји
Аеродромот во Лиеж повторно привремено затворен поради прелет на дрон
Аеродромот во белгискиот град Лиеж ги продолжи летовите по привременото затвореање поради забележување дрон, соопшти националната служба за контрола на воздушниот сообраќај во петокот, што е втор ваков инцидент оваа седмица
САД планираат воено присуство во воздухопловната база во Дамаск
Соединетите држави се подготвуваат да воспостават воено присуство во воздухопловната база во Дамаск за да го поддржат безбедносниот договор постигнат со посредство на Вашингтон меѓу Сирија и Израел


