Денеска стапија во сила мерки кои ја ограничуваат слободата на движењето на руските дипломати во Европската унија за да спречат шпионажа и ширење на дезинформации, наведе ЕУ.

Според новите правила, руските дипломати и конзуларните службеници мораат за време на патувањето низ шенгенскиот простор вон земјата домаќин, да известат во која земја ќе патуваат, како и сите транзитни земји, најмалку 24 часа пред да отпатуваат, а истото важи и за членовите на нивните семејства.

Државите членки на ЕУ можат и да воведат постапка за одобрување на влез или транзит, за да може да го спречат сомнителното движење на руските дипломати, додека патувањата внатре во земјата домаќин, не мора да биде регистрирано.

Слични новости

Иранците уништија клучен американски воен радар вреден над милијарда долари

Иранците уништија клучен американски воен радар вреден над милијарда долари

Најголемата поединечна загуба е системот за рано предупредување АН/ФПС-132 во воздухопловната база Ал Удеид во Катар, вреден 1,1 милијарда долари, кој беше погоден со ирански проектил, за што дадоа потврда и катарските власти.