Сојузот на синдикати утре ќе ги блокира приодите кон Стопанската комора, Организацијата на работодавачи и Бизнис конфедерацијата. Блокадата ќе почне на раскрсницата пред Стопанската комора во 12 часот.

Пред Стопанската комора ќе блокираме газди кои ги блокират работниците 36 години, газди кои одбија да ги зголемат работничките плати и да ја зголемат минималната плат., а кукаа дека квалификуваните работници заминуваат од Македонија и дека нема да можат да ги задржат – рече Трендафилов.

Тој посочи дека газдите ќе бидат блокирани сè додека не донесат одлука за зголемување на минималната плата на 600 евра и на сите други плати за 6.000 денари.

Слични новости

Зголемувањето на минималната плата на 600 евра ќе затвори многу дуќани, реагираат занаетчиите

Зголемувањето на минималната плата на бараните 600 евра ќе предизвика затворање на голем број на занаетчиски дуќани и отпуштање вработени, предупреди денеска Занаетчиската комора – Скопје.