Српскиот репрезентативец Филип Костиќ стана играч на холандскиот клуб ПСВ Ајндховен со кого потпиша договор до јуни 2028 година. Костиќ изјави дека откако уследила поканата да игра за холандскиот шампион немал никаква дилема и дека се чувствува пресреќно.
Костиќ ја почна интернационалната кариера токму во Холандија во Гронинген, а потоа ја продолжи кариерата во Штутгарт, Хамбургер и Ајнтрахт од Франкфурт по што замина за Италија во Јувентус. Последниот тим за кој играше српскиот репрезентативец беше турски Фенербахче.
Костиќ заедно со Ајнтрахт ја освои Лига Европа во 2022, а истата година беше прогласен и за најдобар играч во ова натпреварување.
Слични новости
Српскиот репрезентативец Душан Влаховиќ пред потпис за Бешикташ
Бешикташ испратил понуда да му исплаќа плата од 10 милиони евра годишно на 26 годишниот Влаховиќ во наредните четири години, плус 10 милиони евра бонус за потпис.
Њукалс во преговори за да го купи германскиот репрезентативец Феликс Нмеча
Њукасл ја подготвува понудата за играчот за врска на Борусија Дортмунд Феликс Нмеча, а првите контакти со 25 годишниот германски репрезентативец се веќе остварени, пренесе Скај спорт.
Свикан итен состанок на ФИФА, се најавува крајот на Инфантино
Иако минатата недела Инфантино се откажа од спорниот план, незадоволството против него не стивнува, а УЕФА го обвини Инфантино дека се обидел да ја продаде „душата на фудбалот“


