Американскиот претседател Доналд Трамп, пред клучните разговори со неговиот украински колега Володимир Зеленски закажани за 28 декември предупреди дека секој мировен план на Киев „е целосно бесмислен“ доколку не добие негово одобрување. Истовремено, Трамп наведе дека вреди да се види што има да понуди Зеленски и дека изгледите за решавање на судирот во Украина се многу големи.

Трамп ќе се состане со Зеленски во неговата резиденција Мар-а Лаго на Флорида в недела, а разговорите се толкуваат како знак на значаен напредок кон можното постигнување договор. Зеленски тврди дека планот на Трамп е договорен 90 проценти.

Се нагласува дека претстојните разговори на Флорида ќе бидат одржани без претставниците на Европската унија.  

 

 

Слични новости

Норвешката полиција го истражува поранешниот премиер Јагланд за врските со Епштајн

Норвешката полиција го истражува поранешниот премиер Јагланд за врските со Епштајн

Норвешката полиција во четвртокот соопшти дека отворила истрага за „отежната корупција“ против поранешниот премиер Торбјорн Јагланд поради неговите врски со осудениот сексуален престапник Џефри Епштајн.

Атентат врз руски генерал во Москва

Атентат врз руски генерал во Москва

Високиот генерал во руската војска Владимир Алексеев е застрелан неколкупати и ранет во Москва. Генерал-полковникот Алексеев беше превезен во болница веднаш по нападот во станбена зграда во северозападниот дел на градот и неговата состојба е непозната.