Владата на Србија на денешната вонреда седница донесе одлука за забрана за извоз на нафта и на сите нафтени деривати за моторски погони.

„Забраната се однесува на извозот на дизел, бензин и сирова нафта за сите видови транспорт до 19 март, по што натаму ќе се носат одлуки. Суштината на оваа забрана е заштита на домашниот пазар од недостиг на нафта и бензин и ценовен скок, по глобалните пореметувања на светските пазари“, соопшти српското министертсво за енергетика.

Министерката за енергетика Дубравка Хандановиќ порача дека граѓаните на Србија плажаат поефтини деривати во однос на нивната реална цена на берзата и дека државата прави се, да ги заштити граѓаните и економијата.

 

Слични новости

Британски Шел ја забележа најслабата квартална добивка во изминатите пет години поради ниските цени на нафтата

Вкупната заработувачка на Шел во 2025 изнесува 18,5 милијарди долари, што е значаен пад во однос на минатата година кога беше остварен профит од 23,7 милијарди долари.